Турнир во голем фудбал по повод 10 години ФК Пчиња
10 години ФК Пчиња
2/4/20261 min read


Ве покануваме на турнирот по повод 10 успешни години и сезони на нашиот клуб Фк.Пчиња 2015! Турнирот ќе се одигра на стадионот "Милко Илиевски" на 14ти и 15ти Февруари. На турнирот учеството го потврдија екипите на Фк.Бујковци, Фк.Дељадровци, Фк.Четирце, Фк.Македонија Агино Село и домашната екипа на Фк.Пчиња 2015. Се очекува потврда уште од екипата на Фк.Младост од Велес.
Турнирот ќе се игра во две мини групи по три екипи во првиот ден. Најдобрите две екипи од двете групи во вториот ден ќе се сретнат во полуфинални натпревари, а подоца ќе следи и натпревар за трето место и финалето на турнирот. Натпреварите ќе се играат по 30 минути полувреме, а најдобрите три екипи ќе добијат пехари од организаторот на турнирот! Ве очекуваме! Напред Пчиња!


