ФК Пчиња - Историја
Фудбалскиот Клуб Пчиња Јунајтед е формиран 1963 година под име „Задругар“. Подоцна во 1968 го добива името „Пчиња“ според матичното место. Пчиња се натпреварува сè до пролет 2001 ф. Од Натпреварувачката сезона 2001/2002 клубот го добива и новото име ФК „Пчиња 2001“ . А од натпреварувачката сезона 2007/2008 е направено новото лого на клубот а и новиот амблем по што ФК „Пчиња 2001“ станува ФК „Пчиња Јунајтед“. Основна боја за дресот на домашен терен е портокалова и црвена во риги , гаќиците се црни а чорапите бели . Додека на гости ФК „Пчиња Јунајтед“ настапува во син дрес, сини гаќици и бели чорапи или во комплетно бел дрес.
Во 2015 година, клубот бил обновен под името ФК „Пчиња 2015“
Најголем дерби натпревар на ФK Пчиња е со ФК „Ран Производ“
Тоа е соседско дерби помеѓу селата Пчиња и Студена Бара. Исто така може да се спомне и уште едно помало дерби а тоа е ФК „Пчиња 2015“ - ФК „Орашец“. Во сезона 2025/2026 екипата на ФК Пчиња за прв пат зема учество во најмасовното клубско натпреварување во организација на ФФМ - Куп на Македонија. За противник ја има екипата на второлигашот Новаци од кој загуби со 0-3 на теренот во Петровец - Скопје.






Рекорди
ФК Пчиња 2015 низ својата историја забележал импресивни резултати и значајни натпревари. Најголемата победа е остварена на 8 април 2010 година, кога на домашен терен е совладан ФК „Козјак“ со убедливи 9-0 во пријателски натпревар. Од друга страна, најтешкиот пораз бил доживеан на 28 март 2010 година во Општинската лига на Куманово, против ФК „Речица“, со резултат 0-19. На домашен терен, најголемата победа исто така изнесува 9-0 против ФК „Козјак“, додека најголемиот пораз е 0-5, претрпен во различни натпревари низ годините – на 10 септември 1994 против ФК „Победа“ – Тромеѓа, на 3 мај 1999 против ФК „Костурник“, и на 30 септември 2007 против ФК „Речица“.
Esther Bryce
Founder / Interior designer
Lianne Wilson
Broker
Jaden Smith
Architect
Jessica Kim
Photographer

