Пораз во градското дерби со ГФК Куманово

Пораз од 3-1 во градското дерби со ГФК Куманово

9/21/20251 min read

Во неделата на стадионот во село Доброшане, пред околу 200 гледачи, нашиот тим ФК Пчиња одигра ново коло против екипата на ГФК Куманово. Иако момците одиграа борбен натпревар и имаа повеќе добри шанси, на крајот бодовите останаа кај домаќинот.

Први до водство стигнаа играчите на Куманово, но нашата екипа брзо се врати во игра и успеа да израмни на 1:1. Во продолжение Пчиња имаше уште неколку одлични можности за целосен пресврт, но недостигаше реализација. Домаќините ја искористија својата предност и со два гола во завршницата го поставија конечниот резултат 3:1.

Иако поразени, нашите фудбалери покажаа желба, борбеност и добра игра, што дава надеж дека во следните натпревари ќе ја вратиме победничката серија.