Пораз на стартот од пролетниот дел од ФК Беса

Нашата екипа беше поразена на стартот од пролетниот дел од 3мфл-Север

3/10/20261 min read

Пораз на стартот од пролетниот дел

Екипата на ФК Пчиња со пораз го започна пролетниот дел од сезоната во 3. МФЛ Север. На гостувањето кај ФК Беса Слупчане, нашиот тим прв дојде до предност, но на крајот натпреварот заврши со победа на домашната екипа од 4:2.

И покрај добриот почеток и водството на Пчиња, домаќините во продолжението успеаја да го свртат резултатот и да ги освојат трите бода.

На овој натпревар на нашата екипа и недостасуваа Виктор Димков, Александар Божинов и Никола Стојановски, кои поради повреди не беа во можност да настапат.

Следниот натпревар за ФК Пчиња е на 15.03, кога на домашен терен ќе се одигра градското дерби против ГФК Куманово. ⚽