Победа на нашата екипа против тимот на Студеничани
Победа со 2-0 против тимот на Студеничани
9/30/20251 min read
Во средата нашиот тим одигра одличен натпревар против екипата на ФК Студеничани и ја запиша новата важна победа со конечен резултат 2-0.
Натпреварот започна со силен притисок од страна на ФК Пчиња. Веќе во првото полувреме ја оправдавме доминацијата на теренот и поведовме со 1-0, резултат со кој заврши првиот дел. Во второто полувреме продолживме со исто темпо, со многу шанси и контрола на играта, а на крајот успеавме да постигнеме уште еден погодок за конечни 2-0.
Нашиот тим беше подобар во сите сегменти од играта – од одбраната, преку средниот ред, па сè до нападот. Играчите покажаа борбеност, дисциплина и голема желба за победа, со што уште еднаш докажаа дека ФК Пчиња заслужено е меѓу екипите во горниот дел на табелата.
Честитки за момците за максималната ангажираност и голема благодарност до навивачите кои повторно беа голема поддршка од трибините!


