Натпреварот со Беса Сарај во среда (16:00ч)

Натпреварот со Беса го играме на домашен терен

9/23/20251 min read

Во среда (24 септември) со почеток од 16:00 часот, на нашиот домашен стадион „Милко Илиевски“ во Доброшане, ФК Пчиња ќе го одигра следниот натпревар од првенството против екипата на ФК Беса Сарај.

Оваа средба е од големо значење за нашиот тим, кој со максимална посветеност се подготвува за да дојде до нова важна победа. По последниот натпревар во кој нашиот тим несреќно загуби и покрај големиот број создадени шанси, фудбалерите се мотивирани да се реваншираат и да ја вратат победничката атмосфера на домашен терен.

Влезот за сите навивачи е бесплатен, а тимот на ФК Пчиња упатува покана до сите љубители на фудбалот и пријатели на клубот да бидат дел од трибините и да дадат поддршка. Вашето присуство и навивање се нашата најголема сила и поттик за играчите да остават сè на теренот.

Очекуваме стадионот да биде исполнет во што поголем број, заедно да ја прославиме новата победа и да покажеме дека ФК Пчиња има верна и гласна публика.