Градското дерби против ГФК Куманово во недела
ФК Пчиња овој викенд го очекува нов предизвик – градското дерби против ГФК Куманово.
9/18/20251 min read


ФК Пчиња овој викенд го очекува нов предизвик – градското дерби против ГФК Куманово. Натпреварот ќе се одигра во недела (16:00 часот) на стадионот во с. Доброшане.
По убедливата победа во првото коло, нашите фудбалери со голема мотивација и самодоверба влегуваат во овој дуел. Екипата напорно се подготвува и максимално е фокусирана на целта – да се продолжи победничката серија и да се донесат нови бодови.
Градските дерби натпревари секогаш носат дополнителна возбуда и голем мотив за играчите, а овој пат очекуваме атрактивен и борбен фудбал.
👉 Ги повикуваме сите наши навивачи да бидат со нас и да ја поддржат ФК Пчиња во недела во Доброшане! Вашата поддршка е нашата сила! 💚⚽


