Градско дерби - следен предизвик за нашиот тим
Во недела од 14ч на домашен терен го пречекуваме ГФК Куманово
3/10/20261 min read


Нашата екипа во недела (15.03) ќе го одигра следниот натпревар во рамките на 3. МФЛ Север, кога на домашен терен ќе го пречека градскиот ривал ГФК Куманово.
Натпреварот ќе се одигра од 14:00 часот на Стадион Милко Илиевски.
Пред нашата екипа е важно градско дерби – натпревар кој секогаш носи голема борба и неизвесност. Нашите фудбалери ќе се обидат пред домашната публика да дојдат до позитивен резултат и да ги освојат трите бода.
Ги повикуваме сите навивачи да дојдат и да ја поддржат нашата екипа на овој значаен натпревар. ⚽🔥


