ФК Пчиња во недела против Студеничани – нов предизвик на домашен терен

Нашиот тим во недела со почеток од 16:00 часот го игра натпреварот од 4то коло 3МФЛ

9/25/20251 min read

ФК Пчиња во рамките на 4. коло од Третата Македонска Фудбалска Лига – Север ќе го одигра својот следен натпревар на домашен терен против екипата на ФК Студеничани. Дуелот е закажан за недела, 28.09.2025 година, со почеток од 16:00 часот на стадионот „Милко Илиевски“.

Нашиот тим моментално се наоѓа на 5. место на табелата со 6 освоени бодови, додека гостите од Студеничани се на 11. позиција со само 2 бода. Иако на хартија Пчиња влегува како фаворит во овој меч, фудбалот отсекогаш нудел изненадувања и затоа потребна е максимална концентрација и сериозен пристап за да се стигне до посакуваната победа.

Момците на Пчиња со одличните партии досега ја кренаа атмосферата во клубот и со право очекуваат нови бодови пред своите навивачи. Домашниот терен е нашата предност, а со силна поддршка од трибините шансите за уште еден успешен резултат се уште поголеми.

Ги покануваме сите љубители на фудбалот и навивачи на Пчиња да бидат присутни во недела и заедно да ја прославиме надежно новата победа!