Беса Слупчане противник на стартот од пролетниот дел
Беса Слупчане е нашиот следен противник на стартот од пролетниот дел
3/4/20261 min read
Фудбалскиот клуб Пчиња пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Север го започнува со натпревар против екипата на Беса Слупчане.
Натпреварот ќе се одигра на 08.03.2026 (недела) со почеток во 14:00 часот на стадионот Стадион Фортуна во Сингелиќ.
По завршувањето на зимските подготовки, тимот е подготвен мотивирано да влезе во вториот дел од сезоната и да ја започне пролетта со позитивен резултат пред својата публика.
Ги повикуваме сите навивачи да дојдат и да дадат поддршка од трибините во првиот натпревар од пролетната полусезона.
Заедно за Пчиња!


